Македонија се наоѓа на чекор до првиот медал на Олимписките игри во Токио. Нашиот таеквондо борец Дејан Георгиевски се наоѓа на само една победа до медал, откако победи и во втората борба и се пласира во полуфиналето.

Во првиот дел од борбите во „Макукари Месе“, нашиот ас го победи противникот од Брегот на слоновата коска Сејду Гбане со 9-4 во категоријата до 80 килограми. Одлуката падна во третата рунда, во која во двете фази Дејан беше подобар од Африканецот. Гбане го фати и замор, па Георгиевски без драма стигна до доминантна победа. Сејду Гбане постојано го ловеше водството на противникот. Успеа да израмни на 4-4, но со серија од пет поени на Георгиевски, победникот беше решен.
Корејскиот таеквандо борец, Кјо До Ин, инаку втор носител на турнирот е следен противник на македонскиот олимпиец. Борбата е закажана во 09:45 часот по македонско време.
Извор: ГОЛ.МК







