Социјалните мрежи се преплавени со снимки од малиот Павле кој вчера му порача на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски дека името на нашата држава е Македонија, а не Северна.
Настанот се случуваше на Галичката свадба која се одржува по една година пауза поради пандемијата на коронавирусот во Македонија.
На овогодинешната Галичка свадба присуствуваа голем број реномирани гости меѓу кои и претседателот на државата, Пендаровски кој доби моќна порака од малиот Павле.






