Трите девојки казнети минатата недела поради голотија на Јадранска магистрала припаѓаат на таканаречениот „одред на голите задници“. Девојчките се Украинки и ова не е нивна прва средба со полицијата.
Имено, тие неодамна завршија во затвор откако со уште десетина други колешки беа снимени голи на терасата на облакодер во Дубаи.

Сега направија скандал и во Црна Гора. Прво, тие голи прошетаа околу Котор, а потоа се сликаа голи на Јадранска магистрала, полевајќи се со вода од пожарникарско црево на сред пат.
Приведени се Дијана Оксаниќ (19), Руслана Ковкова (21) и Викторија Рохалчук (21) и секоја е казнета со по 450 евра.
„Само им помагавме на пожарникарите да го измијат патот“, рекоа подоцна девојките додавајќи дека идејата им се допадна на пожарникарите.

Девојките кренаа прашина со фотографија пред финалето на Светското првенство. Тие го насликаа знамето на Англија на задникот и со тоа им дадоа поддршка.







