Обвинетата во случајот „Тендери“, Јулијана Угриновска, која вчера фатила пролив и не дојде на завршните зборови, поради што судењето се одложи, може да здивне, зашто судењето се враќа на почеток.
Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев, кој наврши 60 години. Комоцијата доаѓа и за пораешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и за Лидија Лазарова-Цветковска, кои, исто така се обвинети во овој предмет. Проливот ги закочи завршните зборови и купи време до пензионирањето на поротникот, т.е. до стопирањето на судењето и враќањето отпочеток, со нов поротник во советот.
„Тендери“ и онака во Основниот кривичен суд се влече скоро 4 години, а процесот е за незаконски јавни набавки при изградбата на Музејот на ВМРО.
Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.
Поради пензионирањето на поротникот, на почеток се враќаат и најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник“, потоа „Талир 1“, „Талир 2“ и „Топлик“.
За да биде комплетна сликата за успехот на судењата во Основниот кривичен суд по обвиненијата на СЈО поднесени до 30 јуни 2017 година, а и тие кои се поднесени неколку месеци потоа, треба да се спомене и враќањето на предметите на почеток поради разрешувањето на судијата Горан Бошевски.
Поради тоа, се враќаат назад и „Траекторија“ и „Талир 1“ кај што суди Бошевски.
Сите овие случаи се за висока корупција и за организиран криминал. Во секоја прилика и во секој извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, ни беше укажувано дека мора овие случаи да се завршат, бидејќи е услов државата да добие позитивна оценка за владеење на правото.
Реакциите се следни:
СрушивНе правна држава со пролив.#КајГоИма
— Stephen (@d_dedalus) July 14, 2021
– Шефе, како да се врати судењето од почеток?
— Џорџ Вашингтон (@GeorgeFromMkd) July 14, 2021
– Кажи, имам пролив. pic.twitter.com/w95ZeNGxgD
Тенка е границата од правна вукојебина до правна држава.https://t.co/q5YA4QxSN2
— Stephen (@d_dedalus) July 14, 2021
"Обвинетата во „Тендери“ Јуле Угриноска, која вчера фатила пролив и не дојде на завршните зборови, поради што судењето се одложи, може да здивне, зашто судењето се враќа на почеток"
— Бапчо (@TheFitzzz) July 14, 2021
– Увек метафорички сум викал дека имаме ПОСРАНО судство, сеа глеам дека тоа и БУКВАЛНО било такво
арно напишаа пролив, можеше да напишат дрскосерец, толку им сечи
— Тантара Пантара (@TantaraPantara) July 14, 2021






