Не знам вие колку ги мрзите, ама јас ги мрзам ептен… ми го загорчуваат животот… буквално. За што зборувам? За турските серии што одат на Сител, Канал 5 и слични телевизии, со Македонска нарација одозгора. Бог да чува што не ќе им текне на Македонциве, само за да привлечат баби и дедовци кои не гледаат доволно за да го читаат преводот, па вака да го слушаат.
Се тоа би било супер и баш би ми било гајле, да не беше фактот дека овие серии одат во ПРАЈМ ТАЈМ… Озбилно… тој што го правел истражувањето дали македонските гледачи сакаат турска серија со гласовите на нашите реномирани актери, во главното време, кога гледаноста е најголема… тој човек треба да се обеси на плоштад. Каква е таа нивна логика, во ова време да се дава некоја едвај позната турка/индиска/шпанска серија, а не некој голем високо буџетен сериски, како што се Star Gate, Star Trek, House, Private Practice, Top Gear, Grey’s Anatomy, и слични, ја не знам. Во што е проблемот… немаат пари да платат за лиценците?
А имаат пари да плаќаат дебели хонорари за актерите кои ги позајмуваат своите гласовите, пари за купување на лиценци и потоа пари да ги донесат актерите од оригиналната серија во Македонија на делење автограми.Замислете колку би им се кренала гледаноста ако го даваат House. Но нееее, не се ни трудат да дадат нешто Америчко… ок добро признавам, не е баш така. Го даваат Star Gate во четврток на полноќ… аха, а CSI: Miami го откажаа за да даваат „Долина на Волците“… многу лоша копија на некој нискобуџетен сериски од Холивуд. Е браво бе, кој ви ја прави програмата треба да го отпуштите и да го застрелате!Во било кое дадено време на една од Македонските телевизии, има некој многу лош сериски, кој го гледаат само баби, дедовци и луѓе со посебни потреби… па како сакате да имате гледаност?… и после ние криви зашто сме ги гледале странските канали повеќе од македонските… ееее не знам! -.-
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







