Чешка сè уште се опоравува од катастрофалното торнадо што го сруши половина село Хрушки, во регионот Бжецлав, во четвртокот вечерта, а големи штети беа направени во Ходонин, Лузатија, Микулчице и Моравска Нова Вес. Повеќе од 200 лица беа повредени, а чешките портали јавуваат дека најмалку три лица го изгубиле животот. Пожарникарите и Брзата помош се уште ја пребаруваат целата област во потрага по повредени заглавени под урнатините.
Жител на Ходонин изјави дека торнадото се појавило одеднаш.
‼️Jihem Moravy se podle meteorologů s největší pravděpodobností prohnalo tornádo. Lidé ho zachytili na fotografiích. Poslední bylo v ČR v roce 2018. Hasiči vyhlásili třetí stupeň poplachu. Hlášeny jsou obrovské škody. Takto po bouři vypadá Lužice na Hodonínsku⤵️ pic.twitter.com/dA0GwSBjt6
— CT24zive (@CT24zive) June 24, 2021
– Никогаш во животот не сум бил толку исплашен. Изгледаше како да гледам торнада во Америка, куќи без покрив, откорнати дрвја … Сè се случи неочекувано. Удри гром и само одеднаш се формираше торнадо пред нашата куќа. Буквално одеше кон нас. Успеавме да се скриеме под масата и по 15 минути можевме само да видиме како останаа урнатини – изјави жителот на Мартин Кужаба за Блеск.
Прогласен беше трет степен на опасност во областа погодена од торнадото. Во Ходонин, торнадото го однесе покривот на спортска сала и го оштети атлетскиот стадион. Досега најголема штета претрпе селото Хрушки. Торнадото помина среде село и буквално срамни со земја сѐ што му се најде на патот. Црквите се уништени, превртени автомобили има насекаде, како и стотици дрвја кои се срушени или искоренети од силниот ветер, а според чешката телевизија, седум градови претрпеле значителна штета проценета на стотици милиони евра.

Утрото потоа, жителите сѐ уште беа во шок, известува Блеск, шетајќи низ урнатините од своите домови обидувајќи се да спасат некои остатоци. Најмалку 120.000 луѓе сѐ уште се без струја.
– Барем не умрев. Да бев на горниот кат, немаше да преживеам. Треба само да останам смирен и да спасам што можам – рече еден жител, чија куќа беше сериозно оштетена.

Ветриштата што дуваа достигнаа брзина од 267 до 322 км на час, што е најсилниот ветер регистриран во Чешка во модерната историја и првото торнадо од 2018 година.







