„Да не беше Бојко Борисов и неговата влада ние можевме само да сонуваме денеска да зборуваме за прва меѓувладина конференција со ЕУ“, порача македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот состанок со поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во седиштето на неговата партија ГЕРБ во Софија.
Заев, придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска е во еднодневна посета на Софија во рамките на која, освен со Борисов, се среќава и со претседателот Румен Радев и со премиерот Стефан Јанев во обид да го одблокира европскиот пат.

„Благодарение на бугарската влада и премиерот повторно се врати вниманието на ЕУ кон Западниот Балкан, а не само кон С. Македонија, особено со самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија“, рече Заев. Потоа објасни дека со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас ги поставиле контурите на Преспанскиот договор токму во Софија за време на тридневните преговори кои честопати завршувале доцна во ноќта.
„Затоа сите награди кои ги добивме ги посветивме на Бојко Борисов. Затоа што тоа што се случи со Грција никогаш немаше да се случи ако претходно не се случеше со Бугарија и ние тоа никогаш нема да го заборавиме“, порача Заев.
На средбата Заев му подари американски пури на Борисов, погледнете видео:






