Член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, насилно е приведен од полицијата додека бил на протестот што го организира партијата кај крстосницата во близина на „Мавровка“.
Како што веќе објави „Нетпрес“, уапсениот демонстрант со мобилен телефон почнал да снима на што полицијата бурно реагирала наредувајќи му да прекине со снимањето. Тој им се спротивставил со образложение дека снима на јавен простор и не прави ништо противзаконско, а откако одбил да ја спроведе нивната бесмислена наредба, брутално бил уапсен и спроведен во полициска станица.
Pратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски го објавува видеото од кое се гледа дека претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е приведен затоа што снимал за време на протестите на опозицијата во центарот на Скопје.
Од видеото се гледа дека еден од полицајците вели дека не смее да се снима иако се работи за јавен настан на јавна површина и нема забрана за снимање.
Според изјавата на приведениот полицаецот го фаќа за рака а потоа тој е приведен.
Полладнево приведениот е ослободен од МВР.
Инцидентот во кој полицајци се нафрлат врз момчето се случува додека тој снима разговор меѓу двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на полицијата.
На денешните протести на полицијата видео со своите мобилни телефони снимале стотици луѓе но само еден беше приведен.
Видеото на овој линк
Најнова вест на темата
Јасно се гледа дека не дава отпор ниту навредува






