Драги Рашковски, поранешен Генерален секретар на Владата, нуди половина милион евра гаранција за да излезе од притвор објави 360 степени.
Според нив, вишото јавно обвинителство, дало позитивно мислење Рашковски да ја напушти Шутка, а конечна одлука треба да донесе Апелациониот суд. Рашковски е зад решетки од 21 – ви април.
Осомничен е за набавка на софтвери додека беше ген сек на Владата, а според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набаки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра.
Експресна одлука стигна од Апелација – Драги Рашковски од Шутка заминува во куќен притвор. Од судот за ТВ24 велат – Советот не ја прифатил гаранцијата, туку се одлучил за куќен притвор, бидејќи постои основан страв дека може да се уништат траги на кривичното дело, или Рашковски да ја попречува истрагата.
„Притворот за Рашковски е определен по член 165 став 1 точка 1 и 2. Жалбата на решението за притвор е со гаранција. Бидејќи нашиот Совет оценил дека се уште постои точката 2, поради која е определена мерка притвор, а точка 2 се состои во постоење основан страв дека може да се уништат трагите на кривичното дело, или кога постојат околности што укажуваат дека обвинетиот може да ја попречува истрагата, значи кога постои тој основ тогаш мерката притвор не може да се замени со гаранција.“ – Апелација.






