Популарниот „Тарзан“, актерот Џо Лара, загина во страотна авионска несреќа во саботата на 29 мај, а видеото од местото на несреќата, направено за време на истрагата, се појави на социјалните мрежи.
Актерот бил во авионот заедно со неговата сопруга Гвен и уште 5 други лица кои се водат како исчезнати, а полицијата трага по нивните тела. Уште од самиот почеток се веруваше дека тие не ја преживеале несреќата.






