Дино парк каде се поставени 41 фигура од диносауруси во природна големина е отворен вечерва во Зоолошката градина во Скопје.

Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, како и поставки со мали диносауруси.

Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска на отворањето рече дека паркот е нов едукативна и забавна атракција во Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека Зоолошката градина е една од институциите која е силно поддржувана во изминатите три и пол години. Тој на својот Фејсбук профил објави и видео од официјалното отворање на паркот.






