Завчера почина 19-годишниот матурант Тони Сали, кој цела деценија се обидуваше од Управата за водење матични книги да добие матичен број и Извод на родени, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.
Момчето нема да добие ниту посмртница, затоа што немал ниту извод, ниту здравствена книшка, а ни лична карта. Единствен документ и доказ дека постоел се неговите петки, освоените домашни и меѓународни награди од натпревари и свидетелствата.
Како што информира порталот, Сали починал дома крај болниот татко, мајка си, братот и сестрата, а причините за прераната смрт на ова момче се непознати.
Тони Сали е роден во Македонија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.







