При гласањето на секоја земја поединечно, вчера вечер и вклучувањата на претставниците од различните земји за да ги дадат своите поенти за финалистите, традиционално секоја година веќе кога се вклучуваат директно од студио водителите ги поздравуваат претставниците на нивниот мајчин јазик, односно јазикот кој се зборува во таа земја.
Откако внимателно го ислушавме тој дел од настанот со гласањето може да се увиди дека македонскиот претставник Ване Марковски кој се вклучи од студиото на МТВ да ги каже гласовите на Македонија, беше поздравен на англиски јазик „Good Evening“ или „Добро вечер“, за разлика од останатите кои беа поздравени на нивните јазици.
Дали станува збор за грешка на водителите или едноставно заборавиле да го направат тоа, па по тоа пропуст, или пак станув збор за нешто друго, мора да процените сами.
Делот е на 03:00:00 од видео стримот во живо од Евровизија:






