Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Честит Ден на Влашката заедница!

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-05-23
in Uncategorized
Честит Ден на Влашката заедница!

Власи (Ароманци, Цинцари и Куцовласи) — народ од романската група, населен ширум Балканскиот Полуостров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако–Илирите, Епирците или Тесалијци‎те, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров. Според најновите проучувања за Власите со сигурност се смета дека се потомци на Ромеите, односно остаток од некогашните Византијци, а се смета дека се населени во времето на доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров во I век п.н.е.

Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во почетокот на XIV век Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополе во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи здружени со Власите од околината на планината Грамос се населил во Македонија (Крушево, Осоговски Планини, Овче Поле, Штипско итн).

Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленска Котлина во Егејска Македонија – Грција) итн.

Султанот Абдул Хамид II на 23 мај 1905 година потпишал “Ираде“ (Проглас), со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, можност за избор на свои „муктари“ (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите. На истиот ден, Везирот Сафет Паша го потпишал и го издал „Коминикето“ со кое на Патријаршијата ѝ се забранува попречување на изведувањето на националните права, правата за јазик и богослужба. Овој ден се одбележува како „Национален ден на Власите“ од формирањето на првите пост-комунистички влашки здруженија од страна на сите Власи на Балканот и пошироко. Со измените во законот за државните празници на Република Македонија, овој ден е прогласен за државен празник на Република Македонија за граѓаните од влашката етничка заедница.

Previous Post

ЕСМА доби станица во бриселското метро, меѓу 69 моќни жени

Next Post

Компилација на Влашки вицови ?

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Компилација на Влашки вицови  ?

Компилација на Влашки вицови ?

Recommended

Денеска ПЕКОЛ ! Сончево и многу топло, УВ индексот 9 – Натпросечни температури и во следните денови

Денеска ПЕКОЛ ! Сончево и многу топло, УВ индексот 9 – Натпросечни температури и во следните денови

4 years ago
Шаќири: Имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена

Шаќири: Имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.