Членовите на групата „Ураган“ во финалето на „Евровизија“, што се одржува вечерва, настапуваат под број 8, а Ураганите се сигурни дека ќе дадат се од себе и дека ќе ја претстават својата земја во најдобро светло.

Групата „Ураган“, во која членува поранешната претставничка на Србија на Евровизија Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и ќерката на Ненад Кнежевиќ Кнеза – пејачка Ксенија Кнежевиќ, постои веќе четири години, а девојките ја издадоа својата прва песна на српски „Фаворито“ , што стана вистински хит.

Жешките сцени во спотот за споменатата песна привлекоа големо внимание кај публиката, а Сања, Ксенија и Ивана кренаа прашина во јавноста со овој потег, иако со години се занимаваат со музика.
Имено Ураганите добија скоро 5 милиони гледачи на Јутуб до денеска, а вчера се пофалија дека се на прво место на Јутуб.










