-Ставот на политичката партија не е про-канабис. Изјавата пак на спикерот на Собранието не знам како да ја коментирам, бидејќи легализација и декриминализација не е нешто необјективно или невидено. Напротив, мислам дека повеќе треба да се конзумира канабис наместо цигари, алкохол и наместо сите останати психотропни супстанци и психотични дроги кои имаат докажано негативно дејство врз граѓаните. Сигурно има пречки штом по четири години власт на владејачката политичка партија се е декларативно. Мислам дека кога ќе се отвори таа дебата, таа работна група, ќе излезат многу несогласувања пречки, можно е да има привилегии за одредени бизниси. Нашите оригинална идеја е да можат и граѓаните да имаат учество, вели Митровска за Слободен печат.
Целосното интервју:






