По првиот виртуелен избор во Малезија, оваа година изборот на Мис туризам се одржува во Јамајка.
Станува збор за виртуелен натпревар, каде што освен Македонија се натпреваруват и многу други земји меѓу кои и Гана,Пакистан, Нигерија… Сеуште не е познато под кој реден број ќе ја претставувам нашата земја – вели Билјана Јаневска нашата претставничка во соопштение до медиумите.
Концептот на натпреварување е нешто поразличен од досегашните, во моментов имаме 30 дневен предизвик, односно секој ден нов предизвик и нова задача. Има натпревари на повеќе полиња меѓу кои избор за најдобар костум за капење, најдобро претставена вечерна тоалета, најдобар национален костум односно народна носија од земјата од која доаѓаме и други. Во секоја категорија ќе се избира победник. По принципот на ланскиот избор и оваа година како што кажав изборот е виртуелен, пандемијата повторно не надвладеа, но мислам дека и тоа е забавно. Првиот предизвик кој што е во тек е од областа на уметноста, имаме задача во рок од 60 секунди да нацртаме што ќе ни падне на памет и истото да го постираме по социјалните мрежи со хаштагови – вели таа.
Чест и задоволство претставува за мене што по втор пат ми се укажа прилика да ја претставувам нашата земја и знам дека и овој пат ќе ја претставам во најдобро светло.Сакам да изразам посебно задоволство до модната куќа “Пантерсмоделс” кои ми даваат безрезервна поддршка.Финалниот избор е закажан на 19 јуни 2021 година – вели таа.






