Mикробиологот Никола Пановски вели дека е што е на отворено не е опасно.
Но, смета дека вирусот нема да се шири како претходно. Пановски вели дека граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природно заразување, а не поради вакцините.
„Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа..и некои завршија во болница.Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите“, вели професорот Пановски, за Алфа.
Рече дека добар дел од населението, веќе е имун, но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките.







