19-годишниот Тусе се пласираше во финалето на Евровизија, а во прашање е претставникот на Шведска со песната „Voices“.
Неговите соништа денес стануваат стварност, иако животот на ова младо не бил секогаш розов. Приказната на шведскиот претставник многумина ќе растажи.
Ова момче е родено во Киншаса, главниот град на Конго, но родниот крај и семејството го напуштил пред војната, па тој со 5 години завршил во Уганда сам. Живеел во камп, а преживеал благодарение на УНИЦЕФ. Добил азил во Шведска, каде до 13 години менувал старатели. Со таткото има контакт по телефон, додека мајка му починала пред пет години во Конго.
Победил во шведскиот Идол и оттогаш кариерата му е во подем!







