Русокосата Наташа Петровска веќе со години сосема оправдано го носи епитетот една од најубавите жени во светот на бизнисот во Македонија. Успешно го води едно од најпознатите скопски студија за ремоделирање на телото и е пример за тоа како треба да изгледа една негувана жена.

Гордо ја гази својата четврта деценија од животот, а вели дека тајната на нејзиниот излед се крие во редовните тренинзи и балансираната исхрана.

„За да изгледаш добро, мораш да се грижиш за себе и да вложуваш во својот изглед, особено после 30-та година во животот. Откако го отворив студиото, редовно вежбам, тренинзите ми се задолжителни, а истовремено внимавам и на намирниците кои што ги внесувам. Се трудам да имам оброци на секои четири часа, пијам многу течности, јадам овошје и зеленчук. Некогаш знам да посегнам и по нешто нездраво, како на пример, чоколада, тоа ми е најголема слабост, но тоа го компензирам веднаш утредента со поинтензивен тренинг“ – открива убавата Наташа.
Вистина.мк






