Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.
Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Македонија, јави бугарското Национално радио.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се воделе три години.
Разговарав телефонски со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ на територијата на Република Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Македонија, да ги изградиме уништените мостови, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.
Од следната академска година, по програмата на Универзитетот во Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.






