Здравстените работници денеска го одбележуваат Светскиот ден медицинските сестри (12. мај).
За разлика од минатото, овој ден медицинските сестри го дочекуваат на првата борбена линија на фронтот против невидливиот непријател наречен коронавирус или ковид-19 кој е планетарна закана број еден во моментот. Со нивната максимална посветеност и пожртвуваност, деноноќно се обидуваат да спасат што е можно повеќе човечки животи за што го добија епитетот „херои на нашето време“.

Во пресрет на Светскиот ден на сестринството Здружението на медицински сестри и техничари упати видео пораки:






