Марјана Станојковска со години го носи епитетот за најзгодна водителка.
Без оглед на тоа дали ќе облече краток или долг фустан, тренерки, елегантни модни комбинации, фармерки или панталони, Марјана изгледа подобро од седмица од лото, а корисниците не се штедат да ја опсипат со убави коментари.

Водителката е активна на социјалните мрежи каде што некогаш знае да промовира производите или модните комбинации на разни брендови, позирајќи од студио, или облечена во модни парчиња кои ја истакнуваат нејзината витка линија.
Иако се уште не започнала летната сезона, но и не знаеме како оваа година ќе бидат летните одмори поради коронавирусот, некои од нашите познати се соблекоа во бикини.
По Милена Антовска, Антониа Гиговска, Лила Филиповска….кои претходниот период беа во Турција со цел промовирање на туристичка агенција и познати турски хотели, и Марјана позираше во бикини.







