Антонија Локвенец ја знаеме по нејзиниот инстаграм-профил посветен на животниот стил, добрата храна и исполнетото секојдневие.
Но, сношти таа објави малку поинаква содржина, во чест на месецот на менталното здравје, порачувајќи им на своите следбеници, но и сите оние кои ќе стигнат до видеото, ако не се чувствуваат добро, да побараат помош.
„Бев навистина блиску до тоа да го сочувам ова видео само за себе, но правењето на она што ни е некомфорно прави да растеме. Ако минувате низ нешто во моментов, обидете се да истраете и побарајте поддршка од некој – не мора сите битки да ги водите сами“, напиша таа.






