Со измените на законот за данок на имот предвидено е трипати повисок данок за куќа или стан што не се користат, што значи граѓаните кои се сопственици на викендици ќе треба да плаќаат повеќе данок.
Планот на Владата е овие законски измени да стапат во сила од 1 јануари следната година. Даночните експерти сметаат дека овие измени ќе паднат на грбот на оние граѓани кои веќе си ги плаќаат давачките и дека со овие измени нема да се помогне во зголемено полнење на општинските каси. Тие велат дека овие зголемени давачки нема да имаат никакво значење за приходите на општините, а тоа е главната цел за која се прават измените.
Во владиното соопштение кога беше објавен предлог измените на законот за прогресивно оданочување на имотот е наведено дека се очекува да прикажат позитивно влијание врз општинските каси. Со него се опфаќа недвижен имот кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, ќе се зголеми за три пати во однос на стапките пропишани со законот.
„Со одредби од овој закон се пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот“, соопштуваат од Владата.
Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.







