После одлуката на Управниот суд во Загреб и геј партнерите имаат право на усвојување деца, од Здружението “Dugine obitelji” каде што и официјално е потврдено дека истополовите животни партнери можат да пристапат кон таа постапка.
После пет години Управниот суд во Загреб кон крајот на април во случајот на Младен Козиќ и Иво Шегота пресудил дека тие не смеат да бидат дискриминирани во постапка за усвојување деца поради тоа што склучиле и животно партнерство.
– Ова историска пресуда отвара врата на сите геј и лезбејски парови во Хрватска кои сакаат да станат посвојувачи и потврдуваат дека животните партнери мора во сите постапки да имаат еднакви права како брачни другари – се наведува во соопштени на Здружението
Сега, порачуваат од ова здружение на потег е Министерството за труд, пензискиот систем, семејството и социјалната политика, која во идните постапки треба да ја исправат неправдата, земајќи ги во обзир законите, Уставот, конвенциите и одлука на Уставниот суд за вдомување кои се обврзува на одлуката за посвојување, пренесува Индекс.хр.







