Дел од граѓаните кои претходно се пријавиле за вакцинација против Ковид-19 на сајтот vakcinacija.mk, сега пред почетокот на масовната вакцинација која треба да почне во вторник со пристигнувањето на 200.000 вакцини од Синофарм, добиваат СМС пораки со термин за во друг град од нивното место на живеење, пренесува порталот „Фактор“.
На Фејсбук групата „Ковид-19 Искуства и совети“ дел од нив разменија искуства за ваквиот проблем.







