Актерот Сашо Тасевски во свој стил ги поврза „горливите“ теми во јавноста деновиве – причестувањето со исто лажиче во време на пандемија и разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
„Сите за лажичето се фатија, веќе никој за СТОЈКО.
Тоа е таа Фејсбук-слава која поминува додека трепнеш. Никој веќе не мисли на Стојко.
Заборавивте кога Стојко се крена на Заев. Толку беше. Го нема Стојко. Стојко е минато свршено. Паднат борец на кој никој веќе не се сеќава.
Сега лажичето за причестување ги бранува нашите рушевини од живот.
А баш беше романтично кога сите бевме Стојко. Кога бевме вљубени во Стојко. Кога секој од нас беше Стојко. Останаа уште многу ненапишани песни за Стојко. Додека го имавме Стојко, имаше и надеж за нас“, коментира Тасевски на Фејсбук.






