Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Претходно, пратеникот Антонијо Милошоски објави дека денеска МОН го повлече законот од собраниска процедура.
„Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата. Законот е вратен само за да се дополни, по што веднаш ќе биде доставен до Собрание“, реагира МОН и додава дека дополнувањето ќе се однесува во делот на усогласување на националното со европското законодавство.






