Воведувањето на дигитални учебници кое го најави министерката за образование и наука, Мила Царовска и понатаму предизвикува големо незадоволство кај голем број родители. Веднаш по оваа нејзина најава по социјалните мрежи се формираше група под името „Учебници и настава мора да има“ каде што голем број на родителите јасно посочуваат дека се против тоа, која брои веќе над 66 илјади членови.
https://www.facebook.com/groups/479418786591247
Од истата група може да се увиди дека најпрво беше направена онлајн петиција против воведување на дигиталните учебници, а истите членови најавуваат и отварање на пунктови ширум целата држава, а истовремено од нивна страна се подготвуваат и протести.
Доколку сето ова не се исполни кое родителите го бараат, истите најавуваат дека од септември ќе ја бојкотираат настава.
-Се запрашала ли министерката Царовска што ќе правиме ние што имаме три деца и од септември треба да имаме онлјан настава?Колкави треба да се нашите станови за да децата имаат своја соба и услови да следат настава во мир и тишина? Бојкот на наставата од септември доколку нема враќање на учебниците и на децата во училиште, напиша родител.
Сите овие ставови на родителите јасно порачуваат дека тие се против воведувањето на дигитални учебници кои ќе имаат негативно влијание врз нивните децата, но и врз целиот образовен процес.
Само за потсетување пред повеќе од десетина дена миинистерката за образование, Мила Царовска најави воведување на дигитални учебници.






