Антикорупциската комисија ги објави податоците од анкетниот лист на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.
Според анкетниот лист, Апасиев во 2017 година за 65.000 евра купил стан од 60 квадрати во Скопје, а навел и кредит во банка од 3,46 милиони денари, подигнат во 2016 година.
Тој исто така навел и автомобил „алфа ромео“ кој е на име на неговата сопруга.







