На страницата број 42 на Панини албумот каде што се наоѓа македонската фудбалска репрезентација, нешто е вишок, а друго фали, па еден читател ни даде идеја како тоа да го решиме – пишува Офф нет мк.
Да испечатиме сликици со ликот на Мрме и да ги делиме наоколу. Предлогот прифатен! Поради заштитена марка нема да може да биде Панини и да го има официјалното лого на ЕП 2020, ама сè друго е исто.
Еве го селекторот кој нема зошто да се двои од неговата верна банда со која го оствари историскиот успех. Спремен е за лепење на местото на глупото „Северна“.


Испечативме неколку илјади сликици со Мрме кои се пуштени по трафиките, а ако некој се занимава со дистрибуција и по другите места во Македонија и сака да учествува во оваа акција за покривање на грдотијата со човекот кој заслужил ликот да му стои до името на нашата татковина, нека ни пише на меилили на Фејсбук, ќе се договориме да му дадеме пачки и да ги подели – велат од Офф нет.
п.с. Немој некој да ви барал пари за сликица, ги имаме дадено бесплатно – пишуваат од тимот на Офф нет мк.







