Социјалните мрежи повеќе од една година се исполнети со лоши вести кои влијаат негативно на сите нас. Секој ден и постојано во текот на денот читаме вести и информација за заболени и починати, но за среќа има по некоја вест која ќе внесе позитивна енергија и храброст во ова темно секојдневие.
Доктор Бојан Трајковски е дел од ПЗУ Вера Медика и тој преку својата работа, во рамки на домашната посета, секојднеевно помага на луѓето кои се бораат со корона вирусот. Впечатоците од својата работа ги споделува на фејсбук и тоа најчесто се совети и апели за заштита на здравјето. Но, денес фејсбукот статусот е посветен на 95 годишна пациентка, која поминала многу во животот и многу храбро се соочува и со овој предизвик.
Фејсбук статусот на доктор Бојан Трајковски го пренесуваме во целост:
Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот: Ех бе синко мене Германците и…
Posted by Bojan Trajkovski on Tuesday, April 13, 2021
Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:
Ех бе синко мене Германците и Бугарите во Втора Светска не ме плашеа и ништо не можеа да ми направат, не па коронава не ќе сум можела да ја победам! ?
Тек имам за живеење јас!!! ?
Ваква позитива ни треба ♥️?♥️






