На патарина кај Велес е уапсен познат дилер на хероин, пренесе media.mk.
Видеото е испратено од очевидец на настанот.
Од МВР засега нема јавно достапни никакви информации за случката.
Според Дневниот билтен на МВР а во врска со уште дно лишување од слобода денеска околу 06.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, кај клучка Неготино, бил лишен од слобода е Н.З.(44) од Скопје, кој управувал моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи превезувал 10 мигранти од Авганистан и Пакистан. Притоа, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. За случајот е известен Јавен обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






