Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Недела на свети Јован Лествичник – четврта недела од Великиот пост

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-04-10
in Uncategorized
Недела на свети Јован Лествичник – четврта недела од Великиот пост

Угодникот Божји, преподобниот Јован живеел во 6 век. Родум Сириец, а наречен Лествичник бидејќи е автор на книгата „Лествица“ (Скалила), по местото на благочестивите подвизи – Синаит. На 17 годишна возраст, Јован се принел себеси во жртва Богу – телото го вознел на Синајската гора, а душата на небесната гора. Откако пребивал на Синајската гора во подвиг на осамеништво 19 години, до својата 40 годишна возраст, преподобниот се оддалечил во синајската пустина Фола, која се наоѓа на 5 стадии од Синајската црква, и таму во голем подвиг на строг пост и непрекината молитва, се подвизувал 40 години.

Во текот на светата Четириесетница, неговиот пост бил толку необичен, како и должината на времето на неговиот пост. Иако не се отклонувал од храната која е разрешена од уставот во времето на постот, за да го скрши, како што велел, рогот на гордоста, сепак јадел толку малку што попрво би се рекло дека вкусувал одошто дека јадел. Од секоја страст тој решително се воздржувал, наредувајќи ѝ: молчи, занеми! Неговото покајание било поврзано со длабока скрушеност на срцето и со многу солзи. Долго по неговото упокојување, под гората ја покажувале тесната пештера – неговото скришно место на подвигот на покајанието, којашто ја нарекуваат слезоточна, и која била толку оддалечена од општежитието, за да не го слушаат и другите ридањето на Јован.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Откако бил поставен за раководител, односно игумен, на браќата, тој започнал пат на воздигнување кон Бога и уште поголемо приближување до небесата. Слично на Мојсеј, вели неговиот животописец, се приближил до Бога, го примил во мислите Богонапишаниот закон и со перото на духот го напишал, по прозба на преподобниот Јован, игуменот Раифски, делото „Рајска лествица“, кое го предал не само на оние кои биле од него раководени, туку и на сите кои сакаат да се воздигнат кон небесата. Одејќи по степените на духовното усовршување, уште поревносно отколку претходно, пред да прими началство над браќата, тој ја изложил книгата кон пастирот, станувајќи на тој начин раководител на раководителите.

Преподобниот Јован Лествичник се претставил пред Бога на 80 годишна возраст, околу 606 година. Во четвртата седмица од Великиот Пост, Црквата заради утешување и поучување на оние кои постат, со Божественото сведоштво утврдувајќи ја силата на постот и молитвата, кои на Јован му ја открија лествицата кон рајот и го вознесоа на височината на духовното совршенство, благовествува дека духот на злобата се изгонува од човекот само преку молитвата и постот, истовремено најавувајќи ја радоста на воскресението Христово.

Previous Post

(ФОТО) Кендал Џенер одново го запали интернетот

Next Post

Ни доаѓа Велигден, како да вапцате јајца на природен начин

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Ни доаѓа Велигден, како да вапцате јајца на природен начин

Ни доаѓа Велигден, како да вапцате јајца на природен начин

Recommended

Меѓународната агенција за атомска енергија: Иран има ураниум за десет нуклеарни бомби

6 months ago
Драган Бјелогрлиќ без влакна на јазик: Не сакам проститутките и криминалците да им бидат пример на децата!

Драган Бјелогрлиќ без влакна на јазик: Не сакам проститутките и криминалците да им бидат пример на децата!

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.