Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Авторка на книги за готвење лажно тврди дека со ПЦР тестот се вметнува чип

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-04-09
in Uncategorized
Авторка на книги за готвење лажно тврди дека со ПЦР тестот се вметнува чип

Tестирањето за ковид-19 не вклучува собирање на примероци од крв, како што се тврди во постот на Фејсбук. ПЦР тестот се прави со земање на брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв. ПЦР тестот, со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19. Селесте Солумн, не е поранешна вработена во ФЕМА, туку на Амазон каде може да се купат нејзини книги за готвење

Во исклучително вирален пост на Фејсбук споделен 145 пати, се тврди дека поранешна вработена во американската агенција одговорна за координирање на владиниот одговор на катастрофи, како на пример урагани и терористички напади, објаснила дека со ПЦР тестот се вградува микрочип. Оваа агенција скратено е наречена ФЕМА (Federal Emergency Management Agency).Значи, тестовите за ковид -19 никогаш не биле тестови. Тие имплантираат чипови, вметнуваат наноботи наречени нанити со носивост на био-оружје за мозокот, а истовремено берат ДНК.ПЦР брисот се става директно во Назофаринксот зад носот и челото каде што се твоите очи. Тоа е на крвната мозочна бариера и веднаш до вашата епифиза. Верувам дека тие ги допираат сетилата на луѓето со овие биооружја и ја убиваат човечката интуиција и вашата способност когнитивно да видите што ни прават. Тие ги допираат нашите сетила и го насочуваат мозокот со нанити кои носат товар како што зборуваше Селесте на претходните видеа. Ова е војна. Сериозна војна.ОДБИВАЈТЕ „ТЕСТ“, ОДБИВАЈТЕ ГИ МАСКИТЕ И НИКОГАШ НЕ дозволувајте да ве боцнат со игла, се тврди во виралниот пост.Освен што во него се изнесени информации кои немаат заснованост во реалноста и во медицинската наука, овие тврдења се атрибуирани на извесна Селесте Солумн, самопрогласена поранешна вработена во престижната Американска агенција за менаџмент на кризи, формирана во 1978 година од поранешниот претседател на САД, Џими Картер. Таква вработена во ФЕМА нема, а за тоа извести и „Ројтерс“ во својата проверка на факти, повикувајќи се на извори од самата Агенција, која информирала дека Селесте Солумн  никогаш не била вработена во ФЕМА.Солумн тврди дека кога се зборува за ПЦР тестот, инаку златен стандард за откривање инфекција со коронавирусот, станува збор за собирање на крв и ДНК и дека тие информации одат директно во квантни супер компјутери. Според нејзиното небулозно и со ништо непоткрепено тврдење, целта на ваквото собирање крв е да се извадат податоци од длабоката историја на семејството на тој што се тестира.Наспроти оваа лага, тестирањето за ковид не вклучува собирање на примероци од крв. ПЦР тестот се прави со земање на брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв.

Како што и претходно пишувавме, познато е дека молекуларниот тест (ПЦР тестот), со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19 – пишува екипата на Вистиномер.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Previous Post

4.108 нацртани срциња осамнаа во спомен на срцата кои престанаа да чукаат (Фотогалерија)

Next Post

ВИДЕО: Почна протестот против пресудите за убиството на Никола Саздовски – Саздо

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
ВИДЕО: Почна протестот против пресудите за убиството на Никола Саздовски – Саздо

ВИДЕО: Почна протестот против пресудите за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Recommended

Дневен хороскоп за петок – 6 јуни: Напнат ден за еден хороскопски знак

Дневен хороскоп за петок – 6 јуни: Напнат ден за еден хороскопски знак

6 months ago
“Служи ми додека сум жив, ќе ти оставам се што имам”: Во Германија се омажила за дедо од 80 години, а после неговата смрт, нејзиниот живот целосно се променил

“Служи ми додека сум жив, ќе ти оставам се што имам”: Во Германија се омажила за дедо од 80 години, а после неговата смрт, нејзиниот живот целосно се променил

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.