Денеска во арената „Борис Трајковски“, започна вакцинацијата на припадниците на АРМ.

Армијата е на листата на приоритетните групи. Во исто време се вакцинираат и возрасните како и лицата со хронични заболувања.

Според последните информации во Македонија заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се околу 13.000 лица. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно планот за вакцинација.






