Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски на денешната прес-конференција на која беа соопштени построги мерки, упати апел до новинарите и вели дека нема да одговори на пораки од новинари во недела. За тоа дали чувствува одговорност за високата бројка на заразени и починати, тој вели дека не гледа причина бидејќи, како што кажа, не утепал никого.
Зошто не побарате одговорност од Борис Џонсон или од Меркел. Постојат случаи каде луѓе умира во ходници. Ми пишувате пораки во недела. Не можам да се претворам во дневен информатор и нема да одговорам на новинарите во недела. Не можам да одговорам во недела кога во понеделник треба да се состанеме. Сите го гледаме собирањето пред Силбо и Универзална сала, кај Апче… и добивам многу такви фотографии. Да бидеме реални и да сфатиме дека сега ни треба заедничка слога за да испливаме од оваа ситуација. Претходно одговорив, не сум утепал никого за да понесам одговорност. Не сакам да бидам вулгарен, но ајде кога барате одговорност дајте аргументи”, вели Караџовски како одговор на прашањето дали некој ќе понесе одговорност за состојбата со ковид-19.
Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Ниеден пациент не е оставен да страда, без медицинска нега. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести прим.д-р Жарко Караџовски оценувајќи дека најголем пренос на болеста во моментов е во Битола.
Ако ме прашувате зошто решивме да донесе рестриктивни мерки, затоа што вирусот сега не е истиот и затоа што расте бројот на заболени. Во последните три недели се случува бум, со позитивни на ковид-19 од над 1.200 и повеќе на ден. Се насобраа огромен број на случаи, за период од две-три недели се наполнија болниците, рече д-р Караџовски.
Тој рече дека очекува со мерките на здравствените работници да им се даде „капка” одмор, здравствените власти да обезбедат нови кадри, а оние капацитети кои се оспособуваат да бидат завршени, и конечно, да се вакцинираат што повеќе лица.
„Правилото е вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај, тоа единствениот начин на намалување на бројот на заболени. Ве молам да ги спречиме собирањата и празнувањата, сите да бидеме одговорни“, рече Караџовски.






