Во својата кариера освои скоро се’ што можеше да се освои во фудбалот. За Дарко Панчев, легендата на југословенскиот фудбал и играч кој на Црвена ѕвезда ѝ ја донесе титулата европски шампион и ја освои златната копачка на Европа, скоро и да нема нешто што не е напишано. Тој е нашата гордост и останува запишан во историјата како фудбалерот со број 9, еден од најдобрите на Балканот и пошироко.
Дарко пред неколку дена наполни 55 години, а роденденот го прослави со најблиските. Имено неговата сопруга и ќерките му приредија изненадување со преубава торта.







