Петмина државни функционери, ,меѓу кои еден вицепремиер, министер и негов заменик, градоначалник и директор, денеска дојдоа во тетовското село Лешок, за да ја сечат црвената лента на пуштањето во употреба на новиот паркинг во познатиот Лешочки манастир.
Тие го пуштија во употреба новоизградениот паркинг од 2300 квадратни метри, кој се наоаѓа помеѓу манастирскиот комплекс и специјалната болница за белодробни заболувања.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, директорот за Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи, градоначалникот Исен Асани и директорот на болницата Исмаил Ваити ја пресекоа лентата за да означат пуштање во употреба на паркингот. Присутен на настанот беше и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.







