„Апел до претседателот Пендаровски и министерот Филипче.
Ви умираат луѓе, пациенти шетаат од болница до болница и чекаат некој да умре за да дојдат до кревет а вие се расправате како на селска чешма.
Запрете и замолкнете, не ги дотепувајте граѓаните со вашите суети и глупости ако веќе не знаете да ја завршите работата
Арам да ви е!“
Напиша новинарот Горан Момировски по расправиите помеѓу Филипче и Пендаровски вчера во врска со набавката на вакцините.
Апел до претседателот Пендаровски и министерот Филипче. Ви умираат луѓе, пациенти шетаат од болница до болница и чекаат…
Posted by Goran Momiroski on Tuesday, March 30, 2021
-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји – рече Филипче.
На ова Пендаровски врати:
–Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење. Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.






