Претседателот Пендаровски по завршувањето на Советопт за безбедност информираше дека членовите на советот побараа користење на сите расположливи ресурси. Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен на болничко лекување, рече Пендаровски. Се заблагодари на здравствените работници и повторно апелираше да се почитуваат мерките.
Пендаровски се осврна и на приватните установи каде се лекуваат ковид пациентите и на реакциите за прескапите цени.
„Сакам да упатам и личен апел и да ги повикам и приватните установи да се откажат од профитот и нивните услуги и да ги направат нивните услуги подостапни за инфицираните од ковид граѓани и да го упатуваат својот медицински персонал во јавните установи доколку има потреба. – рече Пендаровски.






