Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Cвети Алеkcеј, човек Бoжји

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-03-29
in Uncategorized
Cвети Алеkcеј, човек Бoжји

Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон.

Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но, ноќта по свадбата тој не само што ги остави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот лик на Господ Исус, испратен од Самиот Господ за царот Авгар. Откако му се поклони на овој лик Алексеј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестано молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Кога таму се прочу како богоугодник, тој се уплаши од човечката слава и замина, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим. Сметајќи го ова за прст Божји, Алексеј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го препозна, а од милосрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор. Овде Алексеј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Слугите го малтретираа на разни начини, а тој претрпе сè.

А кога му се приближи крајот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и издивна, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли имаше во присуство на царот и патријархот откровение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго распрашување дознаа дека Божјиот човек е оној просјак. Кога влегоа го најдоа мртов во неговата визба, а неговото лице блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексеј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзеде неизмерна тага.

По ова сепак се утешија гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лекуваа многубројни болни, а од телото му потече благоухано миро. Го погребаа во ковчег од мермер и смарагд. Неговата глава се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез.

Previous Post

(Видео) Ечеше „Македонијо ти си Бисер Балкански“: Победата над Бугарија нашите фудбалери ја прославија во соблекувалната

Next Post

Д-р Докиќ: Носете по две маски!

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Д-р Докиќ: Носете по две маски!

Д-р Докиќ: Носете по две маски!

Recommended

Престана да се произведува најдобриот борбен авион на САД

8 months ago

Дејан Георгиевски освои сребро од Г1 Светски куп

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.