Договорените бракови во Индија не се ниту нешто ново ниту непознато, но тоа невестата со чекан да го нападне мажот на првата брачна ноќ и не е баш очекувано.
Токму таков случај е забележан минатата недела во државата Утар Прадеш, односно селото Кунда Курд, каде Саира Рави (32) си го нападнала сопругот Кулам после првата брачна ноќ. И тоа го нападнала со чекан, по што тој завршил во болница.
Наводно, нападот се случил затоа што таа била разочарана во неговите сексуални вештини. Но според извештајот на полицијата сепак причина за нападот биле парите, односно тоа што мажот бил богат, па таа само сакала да го ограби.
„Ги споил заеднички пријател со традиционалниот метод на договарање брак. Се кулминирало кога за време на првата брачна ноќ останале сами. И додека Кулам бил среќен што е со неа, таа изгледа имала само една цел – да го ограби и побегне. Но мажот брзо му се јавил на семејството кое живеело близу, па ја фатила Саира“, рекле од полицијата во ова индиско село.Саира очигледно не очекувала олку брза реакција на семејството, кое не ја линчувало, а можело, туку само викнале полиција.






