Денеска промоција на новите полициски службеници – генерација 2019-2020 која се одржа денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово.
Сите 569 кандидати, кои што ги минаа ригорозните конкурсни селекции, ја завршија едногодишната обука со солиден успех, како една од поуспешните полициски генерации во изминативе десетина години порача Спасовски.
На церемонијата беа доделени плакети за 13 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2019/2020 беше прогласен Роберт Коруновски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на Владата, а доби и пригоден подарок од Македонскиот полициски синдикат, по што сите кандидати за полициски службеници дадоа свечена изјава.














