Игор Џамбазов денешниот Ден на театарот го искористи да се потсети на својата мајка Анче и дедо му Петре, кој често се потпишувал и како 5-ре, со емотивна објава на Инстаграм.
„Денес е 27 март, Светскиот ден на театарот. А ова се мајка ми Анче и дедо ми 5-ре во “Вообразен болен” од Жан Батист Поклен Молиер. Премиерата е изведена во Македонскиот народен театар на 30 октомври 1952“, напиша тој.






