И Мајко рече дека бројките од овој попис ќе бидат многу важни за идниуот статус на Албанците во Македонија. „Во државата каде Албанците го добија своето законско право на употребата на албанскиот јазик, кога бројката ќе достигне 50%, тогаш тие ќе го имаат и законското право да го употребат и националното знаме. Ова е главната кампања на Албанците“, рече Мајко,
„Ја прочитав изјавата на мојот поранешен колега, министерот за дијаспора Пандели Мајко, каде тој потенцира дека ако бројот на регистрирани Албанци надмине 20 проценти, се стекнува законското право да се користи албанскиот како службен јазик. Кога бројот на Албанци надминува 50 проценти, се стекнува законско право за користење на националното знаме. Почитуван поранешен колега, без разлика дали се 5, 20 или 50% Албанци во Северна Македонија, никој не ви го одзема правото, ниту за јазикот ниту за знамето. Не грижете се, се додека Зоран Заеви е премиер, на ниту еден граѓанин, без оглед на етничка припадност или религија, нема да му биде ускратено нешто. Сега не сме 1999 година. Сега сме 2021 година. Многу работи се различни“, реагираше Адеми.
Целото видео:






