За утре од 13.30 часот е најавен изменет сообраќаен режим на улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, односно од паркот во Чаир до Владата.
Ова е поради најавениот протест за пресудите во случајот „Монструм“, а кој ќе започне во 13.30 часот од паркот во Чаир и ќе продолжи кон Владата.
Последниот таков протест заврши со насилства и апсења, за што три лица добија по една година затвор за учество во толпа, кои фрлаа со предмети кон полицијата и притоа имаше повредени и новнари и полицајци.
Протестниот марш тогаш беше сопрен пред „Мавровка“ од полицискиот кордон, што предизика насилства од демонстрантите, а полицијата употреби и шок бомби.






