Пет деца и уште толку негувателки од битолската градинка „Коца Василевска“ се во самоизолација поради потврдено присуство на коронавирус кај една вработена. Одлуката ја донела Комисијата за заразни болести по контактите со родителите..
-Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца – соопшти министерството за труд и социјална политика..





