Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Преподобниот Теофан Исповедник имал огромно богатство, но раскошот за него изгубил вредност

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-03-25
in Uncategorized
Преподобниот Теофан Исповедник имал огромно богатство, но раскошот за него изгубил вредност

Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но, кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност.

Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, а кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под рувото на бракот. Кога му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот манастир беше во Сигријанските Гори, во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И сите ѝ се восхитуваа на таа чудесна промена кај него. Бидејќи стана прочуен по неговата силна вера, воздржливоста и мудроста, го повикаа на Седмиот Вселенски Собор, во Никеја, на којшто се утврди иконопочитувањето.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Заради големата чистота и целомудрие Бог му даде дар на чудотворење, та ги лекуваше сите болести, особено манијата и лудилото. Му се молеше на Бога за сите болни и неволни и им помагаше со својата молитва. А кога самиот се разболе, не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување, туку долго и со благодарност ја трпеше својата болест.

Кога повторно настана гонење на иконите од злиот цар Лав Ерменин, свети Теофан беше доведен во Цариград и фрлен во затвор, каде што две години помина во тегобност и маки и понижувања. Тогаш царот го испрати во ропство на островот Самотраки, а ова тој го прозре со својот дух и им го кажа на затворските чувари. Кога стигна во Самотраки, поживеа само дваесет и три дена, па се престави кај својот Господ и Создател од Кого го прими стекнатиот венец на невенливата слава.

Previous Post

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Огнен Амиџиќ ги копираше позите на Станија

Next Post

Љубовен хороскоп за месец Април: Промени и авантури во пролетта

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Љубовен хороскоп за месец Април: Промени и авантури во пролетта

Љубовен хороскоп за месец Април: Промени и авантури во пролетта

Recommended

Први слики од апсењето на таткото на малолетникот убиец – со маска и капа изваден од зградата во која живее

Први слики од апсењето на таткото на малолетникот убиец – со маска и капа изваден од зградата во која живее

3 years ago
“Kopoната не е обичен виpyc, во 17 дена видов и доживeaв се’ и ceшто”

“Kopoната не е обичен виpyc, во 17 дена видов и доживeaв се’ и ceшто”

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.